![slika-soobrakajka - 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/slika-soobrakajka-01.jpg?resize=696%2C467&ssl=1)
Дете на возраст од пет години го загуби животот во тешка сообраќајка што се случи утрово на регионалниот пат Дабиле-Петралинци, кај Струмица, откако неговиот татко, кој управувал со возилото, изгубил контрола и излетале од патот. Автомобилот „Опел астра“ се превртил повеќепати, при што детето кое било во возилото загинало на самото место. Возачот, 38-годишниот Д.В., поминал само со лесни повреди.
– Сообраќајна несреќа е пријавена во 10 часот и 30 минути. Во неа учествувало патничко моторно возило „Опел астра“ со струмички регистарски таблички кое излетало од коловозот. Во незгодата е починато лице кое е родено 2011 година, а возилото го управувал неговиот татко – информираат од Министерството за внатрешни работи.
На местото на несреќата веднаш пристигнале полициска екипа и јавен обвинител, а детето и таткото се префрлени во Општата болница во Струмица, каде што е констатирана смрт на детето. Според неофицијални информации, на патот им излетало земјоделство возило, по што таткото се обидел нагло да застане. Притоа дошло до извртување и излетување на автомобилот.