Се урна куќа и потрупа две годишно дете во кочанско. Трагедија ги потресе жителите на кочанското село Оризари вчера попладне. Надлежните и локалните жители час и половина трагале по телото на двегодишното дете под урнатините.
Несреќата се случила кога во куќата сопственост на А.Т. и С.Т. се скршил гредоредот од руинираниот дел од куќата (врз кој имало земја) и паднал над нивниот двегодишен син, потрупувајќи го.
Екипи од полицијата, противпожарната и итна медицинска помош заедно со локалното население трагале по детето, по што истото во 15.30 часот било пронајдено починато.
Смртта била констатирана од страна на лекар, а телото на починатото момче било оставено на семејството за погреб.