На свадбата на Енди Мареј се случи трагичен настан откако на фотографот Гордон Џек му се слошило пред свечената церемонија по што итно бил пренесен во болница каде лекарите констатирале смрт. За сега, причините за неговата смрт не се познати.
Британскиот тенисер и неговата девојка стапија во брак по 10 години врска и организираа прослава за најблиските роднини и пријатели.