Според првичните сознанија од увидот што е во тек, во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, од сé уште не познати причини, околу 20 часот дошло до ескплозија на плинска боца. При тоа гостиварецот В.И. се здобил со повреди и бил пренесен во гостиварската болница од каде е препратен на скопските клиники.
Експлозијата опожарила и дел од станот, а огнот со интервенција на противпожарната екипа набрзо бил локализиран и било спречено опожарување на внатрешноста.
Увидини екипи сé уште се на местото и работат на расвелтување на случајот кој предизвика вознемиреност во соседството.