На 17.03.2019 во 14:45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „Кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот.
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.