Млад кривопаланчанец загинал додека работел на покривот на својата куќа.
Триесет и едногодишниот Виктор Д. Го загуби животот вчера додека работел на покривот од семејната куќа на улицата 8-ми Октомври, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Виктор Д. изведувал градежни активности на покривот од куќата, кога изгубил контрола и паднал. Загинал на лице место.