
Параглајдеристот Ференц Берецки од Унгарија кој учествува на меѓународниот натпревар за параглајдеристи „Крушево Опен“, попладнето го загуби својот живот во непосредна близина на селото Мусинци.
Од СВР-Битола потврдуваат дека несреќата се случила по удар на параглајдеристот во далекувод, но деталите за немилиот настан ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.