Траги од ран диносаурус најдени на плажа во Велс

Стапки пронајдени на плажа на Јужен Велс во Велика Британија веријатно ги отсинал ран предок на диносаурус пред повеќе од 200 милиони години, веруваат стручњаците од Прородонаучниот музеј во Лондон, чиешто истражување е објавено во научното списание Geological Magazine.

Палеонтолозите од лондонскиот Природонаучен музеј оценуваат дека станува збор за траги коишто навјеројатно ги оставил или ран сауропод или пресауропод, вид кој му претходел.

Стапките ги открила палеонтолог аматер Кеи Рис на плажата во местото Пенарт во округот Вејл-оф-Гламорган уште во 2020 година за што своевремено извести спомената научна устанива во Лондон. Во почетокот скептичните др Сузана Мејдмент и професорот Пол Барет спровеле истражување и денес веруваат дека откриле траги на роднина на динасаурус од периодот на раниот тријас, првиот период од мезозоикот.

Мејдмент појаснила дека често добиваат дојави за откритија на тарги од стапки од изумрени суштества, но оти тие траги е лесно да се помешаат со геолошки информации. Во овој случај имале среќа и утврдиле дека навистина станува збор за траги од животни и дури со доста голема веројатност утврдиле за кој вид се работи.

Веруваат дека трагите ги оставил еосауропис, а не дека станува збор за диносаурус, туку за тип траги кои ги оставил многу ран сауропод или негов близок роднина.

„Знаеме дека раните сауроподи живееле во тој период во Британија, бидејќи коските од родот на камелотиј, многу ран сауропод, се пронајдени во карпите во Сомерсет и датирани се од тој период“, вели др Мејдмент.

Трагите од диносаурус можат да бидет богат извор на информации за однесувањето и можат да ги покажат движењата во стада, како и да дадат податоци за начинот на кој животното одело.

„Ваквите видови траги не се баш чести во светот, и затоа веруваме дека тоа е интересен придонес кон нашето познавање на тријасот во Велика Британија“, вели професпорот Барет.

Трагите од Пенарт се документирани за идна студија со техниката 3Д и ќе останат на брегот сѐ додека плимата не ги еродира целосно.