Македонскиот селектор во борење во грчко-римски стил, Љубомир Пешко, е суспендиран и предаден на дисциплинска комисија поради тоа што на штотуку завршените Европски Игри бил пријавен како селектор на Македонија, но и на Србија.
Ова со изјава за mreza.mk го потврди Бетим Вранези, потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), кој ја водел последната седница на Управниот одбор.
“На седницата донесовме одлука за суспензија на селекторот на македонската репрезентација во грчко-римски стил, Љубиша Пешко. Тој е предаден на Дисциплинската комисија, која треба да му изрече казна, зашто на Европските игри во Баку бил пријавен како селектор на две репрезентации – на Србија и на Македонија. Тој со изјава се откажа од македонската репрезентација. На барање на Европскиот олимписки комитет бевме задолжени да го преиспитаме овој случај и да изречеме казни”, вели Врaнези, кој додаде и дека наредното издание на ‘Македонскиот бисер'”, 40-то по ред, ќе се одржи во Штип.