Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во Кабинетот го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Словачка во Македонија, Мартин Безак.
Градоначалникот Трајановски истакна дека му претставува особена чест што има можност да се запознае со Безак и со него да разговара околу меѓународната соработка во неколку сегменти како што е културата, образованието и соработката на полето на спортот.
Амбасадорот Безак увери дека во периодот на вршењето на дипломатската функција ќе настојува пријателските односи и коректната соработка меѓу Словачка и Македонија да се продлабочи и да се унапреди во сите области од заеднички интерес за доброто на граѓаните на двете земји.