
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и денеска е на терен. Се прави увид на состојбата во едно од најпогодените села- Смилковци.
Низ улиците сè уште може да се забележи механизација која работи онаму каде што има потреба.
Трајановски денеска се сретнаа и разговараше со мештаните на Смилковци.
-Мора да извлечеме поука од оваа страшна несреќа. Треба да се среди и бетонира она што многу одамна не било средено, а со цел да се избегнат вакви поплави. Ние сега ќе видиме што точно е направено, а што треба да се испланира за понатаму да биде реализирано, им појасни Трајановски на граѓаните во Смилковско.