Од Град Скопје информираат дека градоначалникот Коце Трајановски по невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје пред еден час излезе на терен со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада на Град Скопје кои ги санираат последиците од силниот дожд.
Во моментов се исцрпува насобраната вода кај подвозникот на булеварот Киро Глигоров.