Во интервју за Канал 5, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го осуди вандалскиот чин на протестантите кои деновиве дивеат низ Скопје, мотивирани од СДСМ и Зоран Заев.
-Деновиве сме сведоци на еден вандализам и дивеење по улиците на Градот Скопје, при што на еден највандалски начин оштетени се голем број на споменици, објекти и плоштади,оштетена е Порта Македонија, Споменикот Воин на Коњ ,оштетен е Плоштадот Македонија, канцеларијата на Претседателот е уништена и искршена, оштетена е фасадата на Министерството за Култура, на Министерството за Правда, синоќа беше оштетена и фасадата на една од бараките во Градот Скопје. Тоа јасно зборува дека намерата на овие луѓе кој што дивеат низ улиците на Градот Скопје не е за доброто на Р. Македонија и на Градот Скопје нивната намера е да рушат и да уништуваат сето она што е создадено, рече Трајановски.
Спомениците кој што се направени во Градот Скопје и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, се направени за сите периоди од историјата на Македонија и нивното уништување пред се е атак врз Република Македонија.