Досега никој не нема прашано дали имаме можност, капацитет, ресурси да примиме мигранти во нашата општина и затоа уште еднаш апелирам оваа стратегија да биде повлечена и да се формира работна група во кои ќе бидат вклучени општините, бидејќи голем дел од обврските во иднина ќе ги имаат самите општини и заеднички да се направи стратегија која ќе биде реализирана“, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски на денешната дискусија за распишување на референдум.
„Во самиот вовед на стратегијата стојат фрапантни податоци и во моментов бројот на бегалци и внатрешно раселени лица на глобално ниво постигнува 65 милиони лица, тоа се претежно од Сирија, Авганистан и Сомалија, а во Европа се пристигнати некаде милион бегалци. Во Република Македонија некаде се евидентирани 400 илјади лица, а во октомври 2016 година во еден ден се регистрирани 10 илјади бегалци и верувам ако се пристапело кон сериозна анализа на оние проблеми коишто ги имавме ние со бегалците ќе се направел стратешки документ со коjшто ние прво ќе ги заштитиме нашите граѓани и би помогнале на овие бегалци но никако на штета на нашите граѓани“, истакна Трајковски.
Потенцираше дека стратегијата е многу паушална и непрецизна и површински изработена, Македонија има искуство со бегалци и треба во создавањето на стратегија да се вклучат сите институции.
„Сериозноста за овој проблем ја искажуваат и нашите граѓани на секојдневните состаноци што ги имам како градоначалник и нашите граѓани се вознемирени, уплашени и револтирани затоа што се настојува да се донесе еден документ без да се одржи јавна расправа и пред се да се слушне мислењето на самите граѓани. Затоа мислам дека и следуваше таа организација за собирање на потписи од граѓаните, затоа што навистина е голем стравот и револтот кај граѓаните бидејќи официјални лица како министерката не излегуваат во јавноста да говорат и да ги прецизираат податоците од овој план за населување на мигрантите“, рече Трајковски.
Истакна и дека како градоначалник поставувал прашања но не добивал одговор, а со тоа постои дилема дека нешто се крие.