Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Шуто Оризари, Елвис Бајрам, Пратеникот со Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам, членот на Советот на Град Скопје, Есма Раџепова и директорите на јавните градски претпријатија денеска /05.11.2015 година, четврток/ одржаа средба со претставници на урбаните и месните заедници од општина Шуто Оризари, во рамки на тринаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје.
– Тука сме денеска да ги прашаме жителите од оваа општина дали се задоволни од секојдневната работа на јавните претпријатија и дали ги обавуваат нивните дневни работни задачи: дали редовно им доаѓа автобусот, дали редовно се собира сметот и се чистат улиците, дали се задоволни од водо