Бизнис платформата за Средна и Југоисточна Европа Претприемништво- Перспективи 2050“, вечерва постхумно му додели признание „Креатори на векови“ на Трајче Мукаетов, поранешен генрален директор и еден од креаторите на модерниот „Алкалоид“.
Оваа престижна награда за животно дело се доделува за постигнувања во текот на целокупниот животен век, со цел јавно да се оддаде признание на големите визионери, лидери и креатори на иднината.
Трајче Мукаетов својата кариера ја започнал по дипломирањето на Електротехничкиот факултет во Белград, по што како дипломиран експерт е назначен за прв директор во организацијата за процеси и информатика при Македонската државна канцеларија за информатика.
Работниот стаж го продолжува во „Алкалоид“, каде што во 1974 година го основа компјутерскиот центар на компанијата. Набрзо под негово водство, овој центар е прогласн за водечки компјутерски центар во Македонија.
Од 1985 година, Трајче Муакаетов ја извршува функцијата генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.
33 години во „Алкалоид“, на чело на компанијата е цели 22 години. Периодот на негоовото раководење е обележан со најголемиот инвестициски циклус во компанијата. Како голем стратег и визионер, тој во 1996 година иницира создавање на нови фармацевтски погони, опремени со нови автоматизирани производни линии и зголемен капацитет на производство.
„Не ми беше најважно да трупам имот и да купувам фирми, туку напротив, најголем предизвик ми беше да го издигнам „Алкалоид“ во современа и успешна компанија, која ќе биде регионален лидер и која ќе продолжи успешно да работи и по моето заминувае од челната позиција. „Алкалоид“ е компанија за сите времиња и мора да мислиме и за нашата иднина“, своевремено истакна Трајче Мукаетов.
Постхумната награда за животно дело во претприемништвото, претставниците на организацијата „Креатори на векови“ му ја врачија на неговит син и актуелен генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Тој, во своето кратко обраќање посочи дека е почестен и среќен што можел да учи од еден таков човек, и изрази уверување дека делото на неговиот татко ќе биде продолжено, а компанијата ќе стане уште подобра.