Трајкоски: Овој полициски метод се вика заплашување и секогаш е контрапродуктивен

Познатиот музичар Горан Трајкоски преку социјалните мрежи се огласи во врска со апсењето на повеќе лица, пратеници, актери, уметници, а во врска со настаните на 27 април.

„Овој полициски метод се вика заплашување. Поприлично е стар и изветвен, неинвентивен и секогаш контрапродуктивен“, пишува Трајкоски на Фејсбук.