Директорот на УЈП, Горан Трајковски на денешното гостување на вестите на Сител истакна дека покрај порастот на поднесените годишни даночни пријави кои бележат зголемување секоја година, оваа година се подобрил и квалитетот на пријавите.
Трајковски потенцираше дека речиси 100% од фирмите ги поднеле уредно годишните даночни пријави, а помалку од 1% од фирмите не ги поднеле во законскиот рок, најчесто поради процес на претстечајна постапка или постапка на ликвидација.
Трајковски потенцираше дека ќе се продолжи со надградбата на системот на е-даноци.
„Македонија е земја на ниски даноци и ние веќе осма година опстојуваме на таа политика на ниски даноци и покрај сите удари на светската еконмска и европската должничка криза. Во овој контекст ние продолжуваме со надградба на системот е-даноци што значи дека тој ќе биде се побрз, се поефикасен и нашата желба и желбата на бизнис секторот во Македонија, исто и на физичките лица како даночни обврзници е да буквално секоја услуга на УЈП и комуникација на фирмите и граѓаните со УЈП биде по патот на е–даноци“, додаде Трајковски.
Меѓудругото, тој најави и електронско издавање на потврди и уверенија за платени даноци, кое треба да почне од први април.
Целото интервју погледнете го во видеото во продолжение.