Можам да ви најавам дека набрзо ќе биде пуштен во употреба најсовремениот културен центар во нашата општина. Културен центар во кој што ќе имаме културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио, вели кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, Тони Трајковски.
„Ќе продолжиме и со проектот и за поддршка на колективните згради во делот на санација на кровови, лифтови и фасади. Исто така и за следниот период ќе продолжиме и со реконструкција на улиците во населбата Автокоманда, со изградба на пешачко велосипедските патеки како и решавање на проблемот со паркирањето односно ќе продолжиме со изградба на паркинзи низ населбата. Во делот на поддршка на младите ќе продолжиме со поддршка на проектите за младите, а исто така ќе ја продолжиме и поддршката на проектите за пензионерите, и пензионерскиот дом во оваа населба“, потенцираше Трајковски.