Ние го ветуваме тоа што можеме да го направиме. Имаме проекти за кои сме сигурни дека може да ги направиме, ќе продолжиме во делот на екологијата, истакна во неделата актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски на денешната средба со жителите на Железара.
„Набавка на две комунални возила, специјализирани за метење и миење на улиците со што многу ќе се придонесе за зголемува на хигиената. Сезонските работници ќе продолжат да работа. Ќе продолжиме со поставување подземни контејнери кои покажаа голем резултат во делот на поздрава и почиста животна средина. Ќе продолжиме со субвенции за нашите граѓани за реконструкција на покриви, фасади, лифтови. Следната година планираме да го смениме моделот, сѐ со цел поголема достапност до граѓаните“, нагласи Трајковски.
Посочи дека реализирале голем број проекти досега, но потребно е уште да се работи.
„Во делот на подобрување на водоснабдувањето проектот кој е од делот на Бутел, преку улицата ‘Хрватска’, и кај лимените згради. Во делот на изградба на пешачките патеки, ќе ги продолжиме. Реконструкција на улиците, изградба на атмосферската канализација’, посочи Трајковски.