Трајковски: Намерно ставена вреќа со отпад во канализација во Стајковци за да се затне истата, искршени вентили во Булачани

Граѓаните веќе и јавно кажуваат за притисоци, закани, многу некоректна кампања. Јас само ќе кажам два случаи каде мојот противкандидат вчера, кога беше поројниот дожд, намерно има ставено вреќа со отпад се со цел за да во Стајковци се затне канализацијата и во тоа населено место се излее, обелодени во денешното гостување во „Алфаскоп“ актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.

„Второ е во Булачани каде се држи прес-конференција од страна на мојот противкандидат, а претходно вентилите се гледа дека се скршени и дека е направена диверзија. За ова се е поднесена кривична пријава и јас верувам дека на крај ќе има одговорност за сето ова. Овие лаги и многу други граѓаните го гледаат. Имаме доволно време да продолжиме со промоција на нашата програма, 471 проект предвидени за секое место, секоја населба“, истакна Трајковски.