Трајковски: Продолжуваме со проектите за социјална заштита

 

Кандидатот за градоначалникот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски на социјалните мрежи објави дека во следните 4 години ќе продолжат заедно со СОС Детското село со реализација на проекти во Ресурсниот центар за поддршка на лица од семејствата од висок социјален ризик.

„Повеќе од 25 лица дневно се згрижуваат и повеќе од 100 лица ја посетија обуката за доквалификација и прекфалицикација. Верувам дека со овој проект овозможуваме подобра социјализација на оваа категорија на граѓани, како и полесно обезбедување на вработување па и можност за отворање на сопствен бизнис.
• Ќе продолжиме и со поддршката за народната кујна, која кај нас функционира во Маџари и во Ченто.
• Ќе продолжиме со поддршката на дневниот центар за децата од улица, како и за дневните центри за згрижување на жртвите од семејно насилство.
• Општината ќе овозможи и за следните 4 години простор за Центарот за превенција, каде ќе продолжиме со работилници, едукации, советувања во делот на заштитата и превенцијата од разните пороци и насилства кои ги демнат нашите граѓани
• Ќе продолжиме со поддршката и на дневниот центар за лица со попреченост.
• Како досега, така и во иднина општината ќе продолжи со поддршката на проектите од СОС Детското село.
• Следниот период ќе обезбедиме и отворени денови за социјална заштита во руралните средини.

Затоа почитувани сограѓани Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 13 за реализација на проектите од областа на соијалната заштита“, пишува Трајковски на Фејсбук.