Новоизбраниот директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
На вчерашната собраниска седница беше прифатена одлуката, Трајковски да застане на чело на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Инаку, Горан Трајковски досега ја извршуваше функцијата директор на Управата за јавни приходи.