Трајковски назначен за в.д. директор на УЈП

Горан Трајковски е в.д. директор на УЈП. Трајковски кој досега ја извршуваше функцијата директор на Управата за јавни приходи е назначен за в.д директор до завршување на постапката за избор на нов прв човек на УЈП.

Се селектираат кандидатите за избор на нов директор на УЈП

Како што информираат од Владата, во процедура е селекција на кандидати на објавениот оглас за назначување директор на оваа институција.

Трајковски е избран за в.д. директор на УЈП откако на 17-ти месецов и официјално му истече мандатот како прв човек на Управата. Инаку,  на 18-ти овој месец заврши јавниот оглас за избор на директор на УЈП.

Директор може да биде секој кој се пријавил на огласот и кој ги исполнува условите пропишани со законските нормативи, велат од Владата, пренесе МИА.

Според условите на огласот, меѓу другото, кандидатот за директор мора да е државјанин на Македонија, во моментот на именувањето да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, но и да има пет години работно искуство. Директорот на УЈП го именува и разрешува Владата, со мандат од четири години.

Трајковски на чело на УЈП е од 2006-та година

Трајковски на чело на УЈП е од 2006-та година
Трајковски на чело на УЈП е од 2006-та година

Инаку, Горан Трајковски на чело на УЈП застана во 2006-тата година. Тој досега извршуваше два мандата на престижната и одговорна позиција.