И во наредните четири години ќе продолжиме заеднички со вас да ги реализираме проектите со кои што верувам ќе направиме подобри услови за живеење во населбата Ченто, вели кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.
„Ќе продолжиме и со изградба на улиците, како и асфалтирање на улиците во делот на Камник, како и реконструкција на сите останати улици во Ченто, а ќе го реализираме и проектот за ново основно училиште ’Крсте Мисирков’ и комплетна реконструкција на спортските терени и реконструкција на спортската сала. Ќе направиме и комплетна реконструкција на културниот дом каде ќе добиеме едно место кое во иднина ќе се користи за одредени манифестации. Ќе продолжиме во делот на изградба на фекалните канализации како и атмосферските канализации, а посебен акцент ќе ставиме околу населбата Камник и ’Јане Сандански’. Паралелно ние ќе градиме и пешачки и велосипедски патеки кои што се многу значајни за велосипедистите и пешаците’, потенцираше Трајковски.
Додаде дека во иднина ќе продолжат со изградба на зелени површини пред секоја зграда како решавање на проблемот со паркингот пред секоја зграда.
„Деновиве започнавме и со изградба на паркингот кај пазарчето, а верувам дека со овој паркинг простор ќе се реши метежот во тој дел од населбата. Ќе дадеме и поддршка за проектите за младите, а посебен акцент ќе дадеме на ресурсниот центар за млади којшто се наоѓа во населбата Ченто и ќе дадеме поддршка на сите пензионери“, рече Трајковски.