Четириесет и деветгодишниот Зоранчо Л. од Кавадарци починал вчера откако се превртел со тракторот кај местото викано „Ладно долче“.
Од здобиените повреди трактористот починал на лице место.
Увид на лице место извршиле ОЈО и увидна екипа од полициската станица во Кавадарци.