53-годишен жител на радовишкото село Ињево, вчера починал, откако при орање тракторот со кој управувал се превртел.
Несреќата се случила вчера попладнето во месноста Растребоец во атарот на Ињево. Околу 17 часот под тракторот е пронајдено мртвото тело на Трајче Ј. При увидот е констатирано дека додека ја орал нивата, тракторот се превртел, а тој останал на седиштето под тракторот. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.