Трамп во доверба рекол дека ќе го напушти договорот за климата

Американскиот претседател Доналд Трамп на свои доверливи луѓе, меѓу кои и директорот на Агенцијата за заштита на природната средина Скопт Пруит им рекол дека има намера да го напушти меѓународниот договор за климатските промени, пренесе изданието Axios, повикувајќи се на три различни извори со непосредни сознанија.

Претходно во саботата американскиот претседател Доналд Трамп, скептик во влијанието на индустријата врз глобалното затоплување и кој во својата предизборна кампања најавуваше дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор кој во кон крајот на 2015 година го потпиша неговиот претходните Барак Обама, соопшти преку социјалната мрежа Twitter, дека следната седмица ќе ја донесе одлуката дали ќе го поддржи климатскиот договор.

Белта куќа не била достапна да одговори на прашањето на Reuters да ја коментира информацијата на Axios.

Извор кој бил во контакт со функционерите кои биле вклучени во носењето одлука за Reuters дека за следната седмица се планираните неколку состаноци со првите личности на енергетските компании и други, за климатскиот договор, пред најавената објава на Трамп подоцна следната седмица. Агенцијата истакнува дека не е јасно дали споменатите состаноци воопшто ќе се одржат.

„Ќе ја донесам конечната одлука за Парискиот договор следната седмица!“, напиша Трамп на социјалната мрежа во саботата по завршувањето на последниот ден од самитот на челниците на седумте индустриски најразвиени земји во светот на Сицилија, на кој одби да им потклекне на притисоците од сојузниците да го поддржи договорот кој е доживуван во светот како пресвртница во справувањето на климатските промени.

Трамп во минатото феноменот на глобалното затоплување го нарекуваше измама и беше изложен на заеднички напори на светските лидери да го почитува договореното од Париз за ограничување на емисијата на јаглерод диоксид.

Неговата неподготвеност да го прифати првиот правно обврзувачки глобален климатски договор кој го потпишаа 195 земји, видно ја изнервира германската канцеларка Ангела Меркел. „Целата дискусија за климата беше многу тепка, да не кажам незадоволителна. Нема знаци дали САД ќе останат со Парискиот договор или не“, рече за новинарите на самитот Меркел.