Трамп ја обвини Пелоси за обид да ги диктира условите за импичментот во Сенатот

(AP Foto/Luis M. Alvarez)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во неделата ја критикуваше претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, демократската Ненси Пелози, обвинувајќи ја дека се обидува да ја диктира постапката за импичментот во Сенатот, каде што мнозинството го имаат неговите републиканци.

„Налудничавата Ненси сака на републиканското мнозинство во Сенатот да му ги диктира условите за оваа измама со импичментот. Истовремено (таа) ги отфрла сите воспоставени процедури – адвокати, (повикување) сведоци во Домот (на претставниците) со демократско мнозинство“, напиша Трамп на Twitter.

„Демократите сакаат со тоа сѐ да заврши. Нивната истрага е мртва, а нивните рејтинзи се застрашувачки“, се додава во објавата.

Трамп притоа не дава конретни податоци за процентот на поддршката на демократите. Последните анкети покажуваат дека, особено по прашањето за неговото отповикување, мислењата на Американците се поделени речиси по половина. Така, според анкетата на телевизијата ABC и весникот The Washington Post од 17-ти декември, 49 отсто од испитаниците сметаат дека Конгресот треба да го спроведе импичментот за Трамп, додека 46 отсто имаа спротивно мислење.

Во саботата Трамп им укажа на демократите на намерно одложување на предавањето на обвинителниот заклучок против него во горниот дом на американскиот Конгрес.

Претставничкиот дом во средата го одобри обвинението по две основи: злоупотреба на службената должност и попречување на истрагата на Конгресот. Обвиненијата треба да бидат поднесени во Сенатот, каде постапката за импичмент ќе се претвори во судски процес. Сенаторите во неговиот тек ќе имаат улога на поротници, а Претставничкиот дом всушност ќе се појави како странка на обвинението.

Претходно во средата конгресмените требаше да ја разгледаат резолуцијата по листата на пратениците кои би се јавиле како обвинители во процесот во Сенатот. Истиот документ требаше да го одобри предавањето на документот во горниот дом. Но според спикерот на долниот дом, демократите не межеле да назначат обвинители и да го достават документот сѐ додека не дознаат „каков ќе биде тој процес