Трамп ја симнал забраната за испораки на тешки бомби на Израел

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги укине ограничувањата за испорака на авионските бомби од 2.000 фунти (околу 907 килограми) за Израел, објави во саботата американскиот портал Axios.

Белата куќа му наредила на Пентагон суспендирање на забраната воведена од администрацијата на претходниот американски претседател Џо Бајден за „испорака на бомбите од 2.000 фунти во Израел“, според неименувани три извора меѓу официјални лица во Израел.

Според порталот, „во наредните денови 1.800 бомби МК-84 кои биле складирани во магацини во САД ќе бидат натоварени на брод и испорачани во Израел“. Администрацијата на Бајден стравуваше дека употребата на ова оружје во Појасот Газа може да доведе до значителни цивилни жртви, забележува изданието.

Во мај 2024 година, сега поранешниот американски претседател Џо Бајден изјави за CNN дека доколку Израел го нападне Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, САД ќе престанат да го снабдуваат со артилериски гранати, авионски бомби и друго офанзивно оружје. Како што забележува Axios, прекинот на испораките влијаеше на испораката партија авионски бомби со тежина од 500 и 2 илјади фунти (227 и 907 килограми).