Поранешниот американски републикански претседател Доналд Трамп во четвртокот ја тужеше неговата демократска противкандидатка и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон, како и уштен неколкумина нејзини сопартијци, бидејќи смета да ги наместат претседателските избори од 2016 година лажно поврзувајќи ја неговата кампања со Русија.
„Со заедничко дејствување тужените злонамерлно влегле во заовор за создавање лажна приказна за тоа дека нивниот републикански противник, Доналд Џи Трамп, соработувал со странски непријателски страни“, навел поранешниот американски претседател во тужбата поднесена пред сојузниот суд во државата Флорида.
Трамп, кој на изборите во 2016-та ненадејно убедливо ја победи Клинтон, во тужната наведува и „рекетирање“, како и „заговор поради ширење штетни лаги“.
Истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та во полза на Трамп никогаш не го докажа и документираше таквото тврдење. Но неговата сегашна тужба ја поткопува еден озвештај на сенатска комисија водена од републиканците во август 2020 година во која на 966 страници се заклучува, повторно без изнесување докази, дека Русија наводно го „користеле републиканскиот политички оперативец Пол Манафор и интернетскиот ресурс WikiLeaks за да се обиде да му помогне на Трамп да победи“ на изборфите во 2016-та.
Трамп во тужбата бара компензација и отштета. Наведува дека бил „присилен да ги понесе трошоците во износ кој ќе биде утврден на судењето, но за кои е познато дека се повисоки од 24 милиони долари и кои продолжуваат да растата во форма на трошоци на одбраната, правните давачки и другите поврзани трошоци“.