Трамп: Ако Бајден беше претседател ќе немаше вакцина уште четири години

Експретседателот на САД Доналд Трамп се огласи со обвинување дека веста за ефикасната вакцина против коронавирусот е прикривана за тој да не победи на изборите.

Тој во најновата серија на твитови објави дека компанијата Фајзер и другите само чекале да завршат изборите за да објават дека е пронајдена ефикасна вакцина против коронавирусот.

– Немаа храброст тоа да го направат порано – навел Трамп и додал дека американската агенција за лекови требало тоа порано да го објави „не од политички причини, туку за да се спасат животи“.

Тој додал и дека споменатата агенција и Демократската партија не сакале тој да победи поради откривањето на вакцината, туку чекале пет дена за тоа да го објават.

– Ако Бајден беше претседател ќе немавте вакцина уште четири години ниту ФДА ќе ја одобреше толку брзо. Бирократијата ќе уништеше милиони животи – вели Трамп.