Трамп: Ако Техеран сака да се тепа, тоа ќе биде крај на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со уништување, доколку ги нападне американските интереси.

„Доколку Иран сака да се тепа, тоа ќе биде службено крај на Иран. Повеќе никогаш нема да им се заканува САД“, објави Трамп на Twitter.

Вашингтон минатата седмица во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Командантот на иранската Гарда на чуварите на исламската револуција во средата порачал дека земјата е „на работ од отворен судир со своите непријатели“, пренесува новинската агенција Fars. Генералот Хосеин Салами, кој е именуван за командант на војската во април, додал „Ова е историски момент, одлучувачки за исламската револуција, бидејќи непријателите тргнаа во судир со нас со полн капацитет“. А висок ирански функционер, исто така, во средата за агенцијата Reuters рекол дека Техеран е подготвен за какво и да е сценарио „од судир до преговори“ и дека САД не можат да си дозволат уште една војна на Блискиот исток.

Меѓутоа, иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во саботата изјави дека можноста од нова војна во регионот е „незначителна“. На крајот од својата посета на Кина, Зариф рече дека е „сигурен (…) дека нема да има војна, бидејќи ние не сакаме судри и нокот не се залажува во врска со неговата способвност да влезе во судир со Иран во регионот“, извести официјалната новинска агенција Irna.

Американско-иранските односи се на најниското ниви откако САД пред една година се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор потпишан во 2015 година за ограничувањето на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на децениските економски санкции. Точно една година откако во мај 2018 година Вашингтон се повлече од договорот и од ноември истата година воведе нови снакции против Техеран, иранската влада суспендираше дел од своите обврски од договорот на 60-дневен период доколку европските потписнички на договорот потклекнат на притисоците од САД и не ги извршат своите обврски во врска со санкциите.