Републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот протикандидат Џо Бајден жестоко се конфронтираа околу управувањето на Трамп во коронакризата, околу економијата и даноците, во прватга дебата во вторникот одбележана со постојани дофрлаување на републиканецот.
Во многу хаотичното прво телевизиско соочувањет Бајден го нападна Трамп поради начинот на кој управува со кризата со коронавирусот, велејќи дека претседателот паничел и не успеал да ги заштити Американците, додека Трамп се бранеше дека добро ја завршил работата.
„Направивме одлична работа. То никогаш не би завршил толку добра работа, тоа не е ти е во крвта“, рече Трамп.
Бајден го обвини Трамп дека ја отвора економијата по цена на жртви од коронавирусот, а републиканецот возврати дека демократот сака да ја затвори земјата по цена на економијата.
Не се согласија ниту по прашањето за вакцината против коронавирусот, при што Трамп рече дека ќе минат седмици додека вакцината биде готова, а Бајден рече дека таа нема да виде подготвена за употрена до половината на следната година.
Главно оцените се дека двајцата кандидати можело слабо да се разберат, бидејќи и едниот и другиот упаѓаа во репликите, но Трамп далеку го надмина Бајден. Двајцата кандидати често симултано заборуваа додека модераторот бараше ред од нив.
Крис Валас мораше неколкупати да ги предупредува, особено претседателот. „Искрено, вие повеќе упаѓате. Ве молам, дозволете му да на потпретседателот да зборува“, му рече Валас на Трамп.
А Бајден на Трамп во еден момент му се обрати „Ќе замолчиш ли веќе човеку?!“.
Потемпераментниот Трамп и поумерениот Бајден дебатираа во широката лепеза на ургентните политички прашања, вклучително и пандемијата на коронавирусот од која во САД починаа 200.000 лица, протестите против расната неправда, како и борбата за Врховниот суд, но не ги заборавија и тешките обвинувања.
„Ти си најлошиот претседател кој Америка го имала некогаш“, го обвини Бајден републиканецот, додавајќи дека би било добро да престане да игра голф и да се фати за работа.
„Направив повеќе за 47 месеци отколку ти за 47 години“, возврати Трамп
Републиканскиот претседател и неговиот демократски противкандидат не се ракуваа при влегувањето во студиото на своето прво телевизиско соочување која се одржа на дистанца утврдена според епидемиолошките протоколи.
Двајцата кандидати влегоа истовремено на сцената и му се насмевнаа на Крис Валас од телевизиската мрежа Fox News, кој објасни дека тие нема да се ракуваат. Рече и дека кандидатите не ги добиле однапред праѓањата, како и дека тој самиот ги избрал темите.
Деведесетминутната дебата, првата од трите предвидени, со лимитиран број гледачи и физичка дистанца беше одржана на Универзитетот во Кливленд. Организаторите соопштија дека околу 80 лица во публиката, вклучително и членови на семејствата, лица од кампањите, задравствени, безбедносни лица и новинари.
Првите петнаесетина минути до соочувањето кое започна во 3 часот по средноевропски време, беа посветени на именувањето во Врховниот суд. Трамп во саботата ја номинираше судијката Ејми Кони Барет за судијка на Верховниот суд, на позицијата која ја извршуваше починатата Рут Бејдер Гинзбург. Кандидаите за Врховниот суд мора да ги потврди Сенатот, во кој во моментов мнозинство имаат републиканците на Трамп.
„Ги добивме изборите. Изборите имаат последици“, рече Трамп додавајќи дека Сенатот има републиканско мнозинство.
Трамп повторно ја фалеше можната нова судијка, додека Бајден се заложи за нејзиното именување Сенатот да гласа по изборите на 3-ти ноември. Демократите настојуваат да ја одложат одлуката и сметаат дека победникот на претседателските избори би требало да одлучи за доживотното уменување на новиот меѓу деветте членови на Врховниот суд.
Врховниот суд и номинацијата на судијката Ејми Барет од страна на претседателот Доналд Трамп, тоа беше една од првите теми на кои Доналд Трамп и Џо Бајден остро на првата од трите телевизиски дебати. Демократите и Бајден сега се против назначувањето нов судија кој ќе ја замени покојната Рут Гинзбург со приближувањето на изборите.
Бајден појасни дека нема лични мотиви да ја критикува Барет, но постапката мора да почека до февруари. Тој изрази загриженост дека Барет ќе удри против ткн. Обамакер – обезбедување здравствено осигурување на десетици милиони Американци, за што Трамп се бори да се откаже, и како и другите републиканци одамна тврди дека е прескапа програма која не ги дала саканите резултати
Бајден не одговори на прашањето дали би поддржал во Врховниот суд да се зголеми бројот на судиите, доколку победи на изборите.
Бајден не одговори на прашањето дали би поддржал во Врховниот суд да се зголеми бројот на судиите, доколку победи на изборите.
Дебатата од именувањето во Врховниот суд брзо се претопи во прашањето на здравственото осигурување. Откако Трамп го појасни здравствениот предлог, Бајден рече „Тој нема план за здравството… факте е дека овој човек не знае што зборува“. А малку оодоцна рече „Сите знаат дека тој е лажго“.
„Нема да замолчиш?“, праша Бајден, обидувајќи се да го совлада и да разговара, додека Трамп постојано го прекинуваше. Причината за таа реакција беше втора од главните теми на вечерта – борбата против коронавирусот.
Бајден го нападна Трамп за неговата борба против пандемијата, велејќи дека е во паника и не плаира да им помогне на Американците да излезат од кризата. Поранешниот потпретседател истакна дека додека САД сочинуваат помалку од пет отсто од светското население, 20 отсто од луѓето во светот кои починале од Covid-19 биле Американци.
Трамп се спротивстави на сите обвинувања со „Погрешно“, а потоа се потсмеваше на упорноста на Бајден во носењето маска за лице. Трамп се пофали дека илјадници луѓе присуствувале на неговите политички митинзи во последните месеци, што го натера Бајден да го обвини дека ги става на ризик животот на луѓето.
Трамп го обвини Бајден дека е подготвен да ја „затвори“ целата земја за да се запре ширењето на коронавирусот. Тој се пофали дека неговата администрација ја градела најголемата економија во историјата “.
Во рамките на темата за економијата, модераторот го запраша Трамп дали се вистините извештаите кои ги објави весникот The New York Times во нделата според кои во 2016 и 2017 година олатил 750 долари сојузен данок на приходи.
„Платив милиони долари, но не сакам да плаќам данок ако имам загуби“, рече Трамп.
Весникот објави дека Трамп не платил данок на приход во 10 од изминатите 15 години, и покрај тоа што во 2018 година од своите релни шуу емисии и други лиценцирани пректи заработил 427,4 милиони долари.
Бајден во вторникот пред соочувањето ги објави своите даночни пријави за 2019 година. Документите објавени на интернет покажуваат дека демократскиот кандидат и неговата сопруга лани платител 299.346 долари сојузен данок.
Трамп, од своја страна, го критикуваше Бајден во врска со откритијата за бизнисот на неговиот син Хантер. Трамп претходно го нападна Хантер за злоупотреба на позицијата на неговиот татко во администрацијата на Обама за корупциски цели. Трамп исто така рече дека Хантер Бајден добил 3,5 милиони долари од руската милијардерка Елена Батурина, сопругата на поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков.
На прашањето дали смета дека треба повторно да биде избран, Трамп рече дека ниеден претседател не сторил повеќе за земјата од него.
„Никогаш немало администрација којашто го направила она што го направив јас“, рече Трамп, споменувајќи ги меѓу другото економијата и националното единство. За Бајден рече дека е марионета на радикалната левица.
Имаше остар судир и по прашањето на расната дискриминација, кога Бајден го обвини Трамп дека е расист и оти генерира расна омраза. Трамп возврати велејќи дека Бајден, кога бил сенатор, гласал за законот во 1990-те кој бил на штета на Афроамериканците.
Запрашан дали ќе ги осуди белите супремацисти, Трамп рече: Сигурно, сакам тоа да го стора“, но сметаше дека е доволна оваа изјава. Потоа додаде дека најголемото наслиство во земајта доаша од крајната левица.
Бајден, од своја страна, се обиде да ја претвори темата во осуда на републиканските даночни реформи, истакнувајќи дека Трамп плаќа помалку федерални даноци отколку наставниците.
“Објавете ги даночните пријави’, инсистираше поранешниот потпретседател откако шефот на државата рече дека платил 38 милиони долари данок годишно и пречките за откривање на документите биле кај релевантните служби. Претходно, сепак, појаснија дека во моментот нема такви пречки.
Бајден ги призна несовршеностите на законите на земјата, заканувајќи се дека ако биде избран, тоа ќе заврши.
Бајден ја искористи приликата пред дебатата да го „удри“ Трамп поради неговите бројни подбивања и сомнежи кон него. Како што е познато, претседателот јавно призна дека демократот е на стимуланси и не е психички здрав.
„Ова е вечер на дебата. Затоа направив слушалки и стимуланси”, напиша Бајден на Твитер под фотографијата на слушалките од телефонот и кутијата со сладолед.
Пред дебатата, Трамп побара двајцата кандидати да бидат тестирани за употреба на стимуланси, како и ушите од неутрална трета страна, за да се осигурат дека не носат никакви уреди што можат да пренесуваат информации. Бајден тоа го одби.
Анкета на CBS News покажа дека 48 отсто од гледачите веруваат дека Џо Бајден победил на дебатата, за додека 41 отсто Трамп е победник. Десет отсто не можат да издвојат јасен победник. Вкупно 69 отсто од анкетираните рекле дека биле „изнервирани“ до дебатата меѓу Трамп и Бајден, а само 17 отсто рекле дека дискусијата ги „информирала“ Близу 20 отсто испитаници рекле дека била песимистичка.