
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека земјите членки на НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашниот производ (БДП) за одбраната, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.
„Секој може да си го дозволи тоа, но тие треба да бидат на пет отсто, а не два отсто“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да плаќаат два отсто“, продолжи новииот станар на Белата куќа.
Трамп, кој се враќа на чело на САД на 20-ти јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.