Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека на јапонскиот премиер Шинзо Абе му кажал дека со децении стариот договор за одбраната меѓу двете земји мора да претрпи промени и ја повтори својата критика дека овој договор е „нечесен“.
Амерканскиот претседател Доналд Трамп порача дека не планира да се повлече од споменатиот договор, кој двете земји долго време го нарекуваа клучен за стабилноста на азиско-пацифичкиот регион, но повтори дека тој претставува голем товар за САД.
„Му кажав дека тоа мораме да го промениме… Реков, доколку некој ја нападне Јапонија, ние го напаѓаме и сме во потполна војна. А доколку некој ги нападне САД, тие тоа не мора да го сторат. Тоа не е чесно“, рече Трамп на прес-конференцијата за медиумите по дводневниот самит на групата Г20 во јапанска Осака.
Но светските агенции истакнуваат дека останува нејасно кога Трамп му го соопштил ова на Абе. Двајцата челнции се сретнаа на маргините од самитот во Осака, но портпаролот на јапонската влада рекол дека не станало збор за болатералните безбедносни прашања.
Договорот е потпишан по јапонската капитулација во Втората светска војна, и ги обврзува САД да ја штитат Јапонија, којашто, пак, е обврзана да има само сили за одбрана на земјата. Експертите сметаат дека евентуалното излегување на Вашингтон од договорот, ќе го зголеми ризикот САД да бидат принуден да повлечат дел од своите сили од Азија. Само во Јапонија се распоредени околу 50.000 американски војници.
Стручњакот за американската надворешна политика на институт во Токио, Јасуши Ватанабе вели дека Трамп „долго време верува дека Америка е принудена да презема прекумерни обврски поради некои рамки од меѓународните односи“.