![Trump Cnservatives](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/donald-tramp.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Пораншениот американски претседател Домалд Трамп во неделата во својот прв голем настап по напушетањето на Белата куќа во јануари се заложи за реформа на изборниот систем тврдејќи повторно дека му е украдена победата на претедателските избори во ноември 2020 година, обвинувајќи го актуелниот претседател Џо Бајден дека ќе ги втурне САД во нови војни и дека ќе ги направи зависно од странските енергенси.
„Нашето движење на горди, вредни американски патриоти допрва започнува и на крајот ќе победи. Ќе победиме“, порача Трамп во говорот на најголемиот годишен собир на аериканските конзервативци во Орландо на Флорида, кој беше воедно неговот прво јавно обраќање откако на 20-ти јануари ја напушти Белата куќа каде што сега вети дека ќе ги врати републиканците во 2024 година.
Повторно тврдејќи дека бил победник на изборите на 3-ти ноеври, ги критикуваше првите седмици од мандатот на неговиот демократски противник и сугерираше дека би можел повторно да се кандидира.
„Сите знаевем дека администрацијата на Џо Бајден ќе бидел лоша, но никој од нас не замислуваше колку ќе бидат лоши и колку далеку в лево ќе одат, тој ниогаш не зборуваше за тоа. Џо Бајдени го имаше најкатастрофалниот прв месец прв месец од кој и да е претседател во поновата историја на САД. Администрацијата на Бајден веќе докажа дека тие се против работните места, против семејсвото, против границите, протви енергетиката, против жените, против науката“.
„Штотуку ја загубија Белата куќа. Но кој знае, можеби ќе решам и по третпат да победам“, изајви Трамп во говорот кој започна со повеќе од еден час задоцнување, а во кој меѓу другото порача дека и сака да ги спаси американската култура и идентитетот на САД.
Трамп во говорот во Орландо ја прогласи Републиканската партија единствена и обединета и рече дека не се обидува и не планира да формира некоја трета партија, што наводно била идеја за која разговарал со советниците последните неколку месеци.
„Не покренувам нова партија. Ја имаме Републиканската партија. Ќе биде единствена и посилна од кога и да е претходно. Не основа нова партија“, рече Трамп.
Во говорот повторно тврдеше дека е жртва на изборна измама посочувајќи дека САД „имаат ногу билен и корумпиран изборен процес кој мора веднаш да биде поправен. Овие избори беа наместени“, изјави Трамп додавајќи дека Врховниот суд и другите судови не сакале да сторат ништо по ова прашање
„Победи! Победи!“, беше силниот одговор од масата.
Силна поддршка за Трамп
По изборите во ноември во врвот на Републиканската партија избувна судир, особено по јануарскиот насилен упад на поддржувачите на Трамп на Капитол Хил во обидот да се спречи потврдувањето на гласовите на електорскиот колегиум за потврда на победата на Бајден. Челникот на републиканците во Сенатот, каде го загубија мнозинството поради гневот на нивните гласачи од дистанцирањето од Трамп, Мич Мекконел го сметаше Трамп за „морално одговорен“ за упадот и посакуваше тој да стане минато за партијата. Но од друга страна, пак, сенаторот Линдзи Греам сеташе дека иднината на партијата зависи од енергијата на конзервативната база која го поддржува Трамп.
CPAC (Conservative Political Action Conference) е најголемиот годишен собир на американските конзервативци, кој започна во петокот, а заврши во неделата, а неговите учесници му дадоа силна поддршка на Трамп. Притоа 55 отсто во анкетата се изјаснија дека ќе гласаат за него во републиканската трка за претседателска номинација во 2024 година, а на второто место е увернерот на Флорида, Рон Десантис со 21 отсто од гласовите.
Во одвоено анкетно прашање, пак, за тоа дали Трамп би требало повторно да се кандидира во 2024-та, 68 отсто одгвориле потврдно, додека 32 отсто од анкетиралете биле против или немале одговор.