Белата куќа во средата го објави тренскриптот од јулскиот телефонски разговор на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Владимир Зеленски, а медиумите пренесуваат дека во него Трамп барал да се истражи дали тогашниот американски потпретседател Џо Бајден барал да се запре истрагата за корупција водена во Украина против неговиот син Хантер Бајден.
„Претседателот Доналд Трамп го објави декласифицираната нередактирана стенограма од неговиот телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој се одржа на 25-ти јули 2019 година“, се вели во соопштението на портпаролот на Белата куќа.
Според објавениот текс, Трамп го замолил својот украински колега Зеленски да разговара со неговиот личен адвокат Рудолг Џулијани и со американскиот јавен обвинител Вилијам Бар за состојбата околу најголемата приватна украинска гасна компанија „Burisma“, во која работел синот на Џо Бајден.
„Џулијани е многу почитувана личност. Тој беше градоначалник на Њујорк, прекрасен градоначалник, и јас би сакал да ви се јави. Ќе го замолам да ви се јави заедно со јавниот обвинтиел (на САД). Руди е многу добро запознаен со она што се случило (…) Би било прекрасно, доколку би можеле да зборувате со него“, рекол американскиот претседател.
„Многу се зборува за синот на Бајден, а тоа дека Бајден ја запрел судската истрага. Многумина сакаат да го разберат тоа. Сѐ, што можете да направите заедно со јавниот обвинител (за оваа ситуација) би било одлично“, додал Трамп.
„Бајден наоколу се фалеше дека ја запрел истрагата, па ако можете тоа да малку да го погледате… Мене тоа ми звучи ужасно“, додал Трамп.
Трамп ја критикувал и одлуката за сментата на украинскиот јавен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал компанијата во чиј управен одбор бил синот на Бајден.
„Слушнав дека сте имале обвинител, кој бил многу ефикасен. Него го смениле, а тоа е навистина неправедно. Многу луѓе зборуваат за тоа, за тоа како тие (поранешниот украински власти) да го сменат вашиот многу добар обвинител, а во тоа биле вмешани многу лоши луѓе“, истакнал Трамп.
Истовремено, според записот, американскиот претседател не инсистирал и не го терал својот украински колега да започне истрага за активносите на синот на Бајден во замена за финансиска и воена помош на Вашингтон за Киев. Имено разговорот со Зеленски се случил откако Трамп ѝ нареди на својата администрација да замрзне 391 милион долари помош за Украина.
Наводите за наводниот притисок од страна на Трамп во овој разговор врз Зеленски со цел да го поттикне Киев да помогне на актуелниот американски претседател да дојде до вториот мандат во 2020 година, а во кој најверојатно трката ќе ја трча против демократот Џо Бајден, предизвика голем скандал во Вашингтон. Во вторникот Претставничкиот дом на Конгресот, кој го контролира Демократската партија, најави започнување постапка за импичмент за републиканскиот претседател Трамп.
Меѓутоа, транскриптот од телефонскиот разговор покажува дека американскиот челник всушност побарал од Зеленски да помогне во разјаснувањето на околностите кои доведоа до претпоставките во САД за наводната поврзаност на неговиот изборен штаб со Русија.
„Се случија многу нешта, целата таа ситуација. Ми се чини дека сте опкружени со некои од истите тие луѓе. Би сакал министерот за правда и главен државн обвинител (на САД, Вилијам Бар) да ви се јави вам или на вашите луѓе. И би сакал да дојдеме до вистината“, рекол Трамп.
Притоа тој директно се осврнал на истрагата за наводното руско мешање во американските избори во 2016 година и за наводната врска на штабот на Трамп со Мосвка, за што истрага водеше специјалниот обвинител Роберт Мјулер.
„Како што видовте вчера (24-ти јули), целата оваа глупост заврши исклучително бледо, со некомпетентниот говор на човекот по име Роберт Мјулер, но тие велат дека многу од тоа започнало со Украина“, истакнал Трамп. Имено на 24-ти јули Мјулер по иницијатива на демократите сведочеше пред два Комитета на Претставничкиот дом со што всушност беше ставен крај на неговата истрага.
Во текот на телефонскиот разговор со Зеленски, исто така, Трамп ги критикувал Германија и другите европски земји за недоволно укажаната помош на Украина.
„Ќе кажам дека правиме многу за Украина. Ние трошиме многу напори и многу време. Многу повеќе од европските земји, тие треба да ви помогнат повеќе од кога и да е. Германија не прави речиси ништо за вас“, му рекол Трамп на Зеленски.
Според записот од разговорот, претседателот на Украина ги обвинил Германија и Франција за непочитување на санкциите поротив Русија.
„Зборував со (германската канцеларка) Ангела Меркел и се сретнав со неа. Се сретнав, исто така, и зборував со (францускиот претседател) Емануел Макрон. Им кажав дека тие не го прават она што треба да го сторат по прашањето за санкциите. Тие не ги почитуваат санкциите“, рекол Зеленски.
Трамп уште во вторникот најави дека неговата администрација во среда ќе го побјави „целосниот, целосно декласицфициран и нередактиран“ транскрипт од разговорот за кој тврди дека бил „целосно примерен“. Американскиот пртседател потврди дека со Зеленски разговарал за Бајден и неговиот син, но дека за таа тема разговарале само попатно и дека немало притисок врз украинскиот челник.
Зеленски во средата изјави дека врз него никој бне може да врши притисок освен неговиот шестгодишен син.
„Никој не може да врши притисок врз мене, бидејќи сум претседатело на независна држава. Единствената личност која може да врши притисок врз мене е мојот шестгодишен син“, изјави Зеленси на маргините од заседанието на Генерланото собрание на ОН во Њујорк.