![Donald Tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Donald-Tramp.jpg?resize=696%2C467&ssl=1)
Поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат за изборите во ноември Доналд Трамп во понеделникот депонирал кауција во изност од 175 милиони долари за да избегне запленување на неговиот имот, откако му беше наредено да плати 454 милиони долари како отштета за финансиска измама, според судски документ.
Поранешниот американски претседател, кој повторно се кандидира за Белата куќа, морал да ги плати парите до четврток. Станува збор за граѓанска постапка на којашто тој се жалеше. Пред една седмица, Апелацискиот суд во Њујорк му ја ублажи казната, наложувајќи да плати кауција од 175 милиони долари во рок од 10 дена.
„Длабоко ја почитувам одлуката на апелациониот суд и ќе уплатам 175 милиони долари… многу брзо, во рок од 10 дена“, рече тој тогаш.
Доналд Трамп беше осуден во средината на февруари да плати казна од 454 милиони долари со неговите синови Ерик и Дон за финансиска измама во нивната империја на „Trump Organization“. Тие се обвинети дека во текот на 2010-те години на минатиот век силно ја надувале вредноста на својот имот за да добијат поповолни кредити од банките.