
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, а тоа ќе му биде првoто патување во странство по победата на изборите.
Париската катедрала Нотр Дам, ремек-дело на готската архитектура од XII век, беше тешко оштетена во пожар пред повеќе од пет години, а овој викенд повторно ќе ги отвори вратите за верниците и туристите.
„Претседателот Емануел Макрон направи прекрасна работа за Нотр Дам да биде реставрирана во сета своја слава, па дури и повеќе тоа. Тоа ќе биде посебен ден за сите!“, објави Трамп на социјалната платформа Truth Social.