Републиканскиот кандидат Доналд Трамп го освои вториот мандат за претседател на САД, откако ја победи демократската потпретседателка Камала Харис во трката за Белата куќа, според најновите проекции на водечките американски медиуми во средата.
Американските мрежи Fox News, CNN и NBC прогласија Трамп за победник, откако предвидеа дека ќе обезбеди доволно гласови во електорскиот колеџ по победите над Харис во колебливите, вклучувајќи ги Пенсилванија и Висконсин.
Трамп, кој никогаш не го призна поразот на изборите во 2020 година од претседателот Џо Бајден и беше обвинет дека се обидува да ги поништи резултатите, ги стави имиграцијата, инфлацијата и криминалот во центарот на неговата популистичка кампања.
Неговите надворешнополитички ставови – од неговата антипатија кон воената помош за Украина до неговото ветување дека ќе воведе огромни царини на увозот – предизвикаа вознемиреност и кај сојузниците и кај противниците на Вашингтон.
Победата на поранешниот претседател за кого потивниците двапати покренуваат неуспешн ободиди за отповикување означува неверојатен политички кам-бек и потврдува колку е цврста неговата контрола врз Републиканската партија.
Со 78 години, магнатот за недвижности е највозрасната личност која некогаш била избрана за претседател на САД. Ќе ги преземе своите обврски на 20 јануари.
Во најстрашниот момент од кампањата, Трамп беше застрелан и полесно ранет во десното уво од вооружен маж кој отвори оган на митинг во Пенсилванија. Трамп за влакно ја избегна смртта, но еден од неговите поддржувачи беше убиен во толпата.