Трамп ќе ја прифати номинацијата на републиканците во Џексонвил на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја прифати номинацијата за вториот мадат од републиканците во Џексонвил на Флорида во текот на летото.

Претседателката на Републиканскиот национален комитет, Рона Мекданиел, изјави дека официјалниот дел од партиската конвенција и натаму ќе се одржи во Шарлот во сојузната држава Северна Каролина, но дека прослатава на номинацијата на Доналд Трамп ќе биде преместена во Џексонвил.

Ваквата одлука дојде откако Републиканската партија се соочи со одбивањето на сенаторот на Северна Каролина, Рој Купер од Демократската партија, да ги измени санитарните протоколи за собирите.

Трамп кон крајот на мај предупреди дека би можел одложената за август републиканска национална конвенција да ја премести од Северна Каролина, доколку настанот биде подложен на рестрикциите во врска со физичкото растојание, односно нема да дозволи на 24-ти август арената „Спектрум“ во Шарлот да биде исполнета во целосниот нејзин капацитет. Во тоа поддршка доби и до потпретседателот Мајк Пенс, кој изјави дека „апсолутно неопходно е“ Купер итно да одговори или конвенцијата ќе биде преместена во сојузна држава којашто отишла подалеку во процесот на попуштање на рестриктивните мерки.

Мелданиел тогаш изјави дека многу држави се побудиле да бидат замена за Северна Каролина, меѓу нив се Џорџија, Тексас и Флорида, кои се водени од републикански гувернери.

Сега, наместо во Шарлот, Трамп ќе го одржи говорот по профаќањето на номинацијата на 27-ми август, во арена со капацитет од 15.000 на Флорида, која се согласи да биде домаќин на настанот, а чиј гувернер Рон Десантис е негов сојузник.

Демократите својата конвенција би требало да ја одржат во Милвоки во државата Висконски, исто така, во август, но сѐ уште не ги разработија здравствените мерки за одржување на настанот.