Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе беше осуден за наводниот обид да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година за кои и денес смета дека се лажирани на негова штета, доколку не победеше четири години подоцна, се вели во извештајот на специјалниот обвинител Џек Смит, објавија американските медиуми во вторникот.
„Да не беше изборот на г-дин Трамп и неговото скорешно враќање на функцијата претседател, Канцеларијата на специјалниот обвиител сметаше дека доказите се доволни за да се добие осуда на судењето“, се вели во извештајот.
Иако Џек Смит, специјалниот обвинител кој го водеше овој, и уште еден случај поднесе оставка пред Трамп да се врати во Белата куќа, судијата отвори пат за објавување на првиот дел од неговиот извештај. Документот од 137 страници е испратен во Конгресот во вторникот по полноќ.
Да не беше избран за претседател на САД во ноември 2024, Доналд Трамп ќе беше осуден за незаконски обид да го поништи резултатот на претседателските избори во 2020 кои ги загуби, се наведува во извештајот на американското министерство за правда објавен во Конгресот. Доказите беа уверливи за судот да го прогласи за виновен“, се наведува во извештајот на специјалниот обвинител Џек Смит кој по изборната победа на Трамп поднесе оставка.
Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20-ти јануари, беше кривично гонет во случај на напад врз Капитол од толпа републикански поддржувачи на 6-ти јануари 2021 година во Вашингтон, кои сакаа да го оспорат изборот на Џо Бајден во претседателски избори, а чија победа на изборите во 2020 година и денес ја сметаат за изборна измама.
Џек Смит, специјалниот обвинител назначен да ја води истрагата од министерот за правда која пак е истовемено и главен обвинител назначен од претседателот Џо Бајден, ја повлече федералната кривична пријава против идниот претседател откако Трамп победи на претседателските избори во ноември минатата година.
Набргу по објавувањето на извештајот во понеделникот вечерта, Доналд Трамп одговори со жестока порака на неговата платформа Truth Social. Тој го нарече Смит „полуден“.
„Побеснетиот Џек Смит не можеше успешно да го гони политичкиот противник на неговиот шеф, корумпираниот Џо Бајден. Така тој заврши со пишување уште еден ‘извештај’ заснован на информации дека група корумпирани политичари и насилници незаконски уништиле и избришале затоа што се докажав дека сум целосно невин“, стои во пораката.
„За да ви покаже колку е пореметен Џек Смит, тој ги објави своите лажни заклучоци во 1:00 часот по полноќ“, додаде новоизбраниот претседател во друга порака.
Федералниот судија Ејлин Кенон, назначен од Трамп, минатата година отфрли посебен случај против него поради неговото поседување со строго доверливи документи откако ја напушти Белата куќа, но обвиненијата против двајца негови поранешни обвинети сè уште не се отфрлени. Но се отфрлени истите обвиненија за незаконско поседување доверливи документи за Бајден кои се однесваат на периодот кога беше потпретседател. Специјалниот советник Смит го напушти Министерството за правда минатата седмица, неколку дена по поднесувањето на неговиот конечен извештај.
Трамп беше обвинет за заговор да го поништи изборниот резултат од 2020. Смит за тоа детално пишува во извештајот, обвинувајќи го Трамп дека „вложил големи напори незаконски да остане на власт“ низ различни методи, како што се „закани и поттикнување на насилство против неговите политички противници“. Овој случај, како и оној со доверливите документи резултираа со кривични пријави против Трамп, кој рече дека обвинителството го гони од политики мотиви.
Но, Џек Смит ги затвори случаите по изборот на Трамп за претседател во ноември во согласност со прописите на министерството за правда кои забрануваат федерално обвинение против актуелен претседател на САД. Но, тој додаде дека тоа не се однесува на сериозноста на обвиненијата, силата на валидните докази или меритумот на обвинителството, зад кој стои канцеларијата на обвинителството во целост.
Минатата седмица судијката Кенон привремено го запре објавувањето на целиот извештај на Смит, поради загриженост дека тоа би можело да влијае на случаите против двајца соработници на Трамп кои се обвинети во случајот на доверливите документи. За разлика од случајот на Трамп кој е избран за претседател, нивните случаи сѐ уште се активни.
Минатата седмица Трамп беше осуден во друг случај – тајни исплати на порно глумицата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна сексуална врска пред републиканецот да ја објави намерата да се кандидира на претседтелските избори во 2016 година на кои изненадувачки ја победи демократката Хилари Клинтон. Трамп беше официјално осуден, но судот иако донесе пресуда дека Трамп е технички виновен, процени дека во конкретниот случај не е потребна никаква казнена санкција.