Трамп ќе го именува Маск за шеф на телото за надзор на ефикасноста на претседателската администрација

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави во четвртокот дека доколку победи на изборите во ноември, ќе формира комисија за надзор на администрацијата којашто ја има улогата на влада, предводена од претприемачот и милијардер Илон Маск, кој последната година стана негов голем поддржувач.

Поранешниот американски претседател со седмици разговара со соработниците за идејата за формирање таква комисија којашто би правела ревизија на активностите на претседателската администрација, изјавиле запознаени извори за Reuters. Сега тој првапт јавно ја изнесе идејата, во говорот во Њујоршкиот економски клуб (New York Economic Club) во четвртокот.

Ова, исто така, е првпат Трамп да објави дека Маск прифатил да го води тоа тело. Не прецизираше како ќе функционира таквата комисија, освен дека ќе донесе план за елиминирање на „измамите и неправилните плаќања“ во првите шест месеци од нејзиното постоење.

„По совет на Илон Маск (…) ќе формирам владинa комисија за ефикасност којашто ќе спроведе сеопфатна финансиска ревизија и приверка на целата федерална влада, по што ќе даде препораки за драстични реформи“, рече републиканецот.

На 19-ти август, Маск во подкаст рече дека е во разговори со Трамп на оваа тема и дека е заинтересиран да се приклучи на комисијата.

„Подготвен сум да ѝ служам на Америка доколку се укаже можност“, напиша Маск на својата платформа X во четвртокот.