Судија во Њујорк во пресудата без преседан во понеделникот пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да плаќа казна од 10.000 долари дневно сѐ додека не ги предаде кноговодствените и даночни документи во рамките на истрагата против неговата деловна групација откако станаа сѐ појасни амбициите тој да се кандидира и да победи на претседателските избори во 2024 година.
„Ова е голема победа, судот одлучи во наша полза и го осуди Доналд Трамп за попречување“, објави на Twitter главната обвинителка на сојузната држава Њијорк, Летисиа Џејмс.
Џејсм доаѓа од Демократската партија, којашто според моменталните испитувања на јавното мнение, ќе го загуби мнозинството во Конгресот на ноемвриските ткн полумандатски избори.
„Доналд трамп мора да плати 10.000 долари за секој ден по непочитување на одлуката на судот според којашто мора да доставува документи во мојот кабинет“, изрази задовослтво тужителката којашто во интерес на Демократската партија со години безуспешно води истрага за можана измама во даночното работење на компанијата „ Trump Organization“.
На 17-ти февруари, Џејсм издејствува њујоршки суд да му нареди на Трамп и на неговите деца, Доналд Трамп помладиот и на Иванка Трамп, да сведочат под клетва во рамките на таа истрага.
Правните застапници на Трамп поднесоа жалба на тоа. Но судот бараше и цела низа сметководствени и даночни докумети за „Trump Organization“ во сѐ поочигледните намери на демократите да ја спречат повторната кандидатура на републиканецот Доналд Тремп на претседателскити избори.
Демократската судијка Летисија Џејмс бараше документите да ѝ бидат предадени до 31-ви март. Но откако не ги добила, од Врховниот суд на традиционално „демократската“ сојузна држава Њујорк, бараше на Трамп да му се суди за „попречување поради одбивање да постапи по судски налог“.
Главната обвинителка на Њујорк, без изнесување на какви и да се докази, се сомнева дека „Trump Organization“ намерно ја преценил вредноста на имотот во недвижнини кога барал заем во банка и дека го потценил во даночните пријави кога платил помал данок.
Истовремено со оваа цивилна истрага, на њујоршкиот суд во Менхетен се воид и посебна кривична истрага за можна финасиска измама во групацијата „Trump Organization“.