Трамп ќе се предаде во четврток во Џорџија по обвинувањата за изнудување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе се предаде во четврток во сојузната држава Џорџија за да се соочи со обвинувањата за наводно изнудување коишто произлегувалe од неговиот обид во оваа сојузна држава да ги поништи резултатите на претседателските избори во 2020 година за кои и денес тврди дека му се украдени.

Пишувајќи во понеделникот на својата социјална мрежа Truth Social (Општествена вистина), Трамп наведе дека тој ден ќе го „УАПСИ радикално левата окружна обвинителка Фани Вилис“, демократска функционерка на Џорџија којашто го подигна четвртото обвинение годинава против поранешниот претседател.

Судот во случајот во Џорџија во понеделникот пропиша кауција од 200.000 долари за Трамп. Тој и другите 18 сообвинети имаат рок до петок напладне да се предадат на властите во Џорџија за да бидат притворени.

Во својата објава Трамп наведува дека обвинителката Вилис делува „во строга координација со нечесното министерството на (американскиот претседател) Џо Бајден. Станува збор за МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ“.

Со тоа Трамп алудира дека сите обвинувања против него се измислени за да ја блокираат неговата кандидатура за уште еден мандат во Белата куќа, додека има убедлива предност меѓу кандидатите за претседателската номинација на Републиканската партија.

Покрај кауцијата од 200.000 долари за Трамп, судијата од Вишиот суд на округот Фултон, Скот Мекафи, наметна и неколку услови во договорот кој го усогласија обвинителите и адвокатите на Трамп.

„Обвинетиот нема да преземе никави дејствија со коишто би заплашил кое и да е лице за кое знае дека е сообвинето или сведок во овој случај или на друг начин го попречува спроведување на правдата… Горенаведеното вклучува, но не е ограничено на, објави на социјалните медиуми или пренесување објави на други лица на социјалните мрежи“, пишува судијата Мекафи во судската одлука.

Судијата одреди кауција од 100.000 долари за двајца сообвинети во овој случај, поранешните адвокати на кампањата на Трамп, Џон Истмен и Кен Чесбро.

Вилис, окружната обвинителка на округот Фултон, побара од судијата да го одреди како датум за судење 4-ти март следната 2024 година за 77-годишниот поранешен претседател под обвинение дека се обидел да ги поништи резултатите од изборите за 2020 година. Тоа се совпаѓа со привте предизбори во Републиканската партија.

Трамп во судовите во САД се соочува со четири кривични постапки за кои вели дека е продолжен „лов на вештерки“ против него, со цел да биде попречен да го освои вториот претседателски мандат на изборите во ноември 2024 година.

Во Џорџија е обвинет за изнудување и низа изборни кривичнни дела по наводна двегодишна истрага за неговите настојувања да ги поништи изборите во оваа сојузна држава. Другите коишто се соочуваат со обвинувања за наводен заговор ги вклучиваат поранешниот негов личен адвокат и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани и шефот на неговиот кабинет во Белата куќа, Марк Медоус.

Специјалниот обвинител Џек Смит, кој е од Министерството за правосудство побара од сојузниот судија да го одреди на 2-ри јануари 2024 година, веднаш пред првото гласање на репуликанските предизбори, да започне судењето за поранешниот претседател во Вашинггтон под второ обвинение за наводен заговор за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

Адвокатите на Трамп во овој процес од судијката Тања Чуткан минатата седмица да го закаже тоа судење за април 2026 година, речиси една година откако ќе биде инаугуриран следниот американски претседател. Според нив, несомнено е дека за обработка на огромните количества документи во предбетот ќе бидат потребни месеци. Специјалниот обвинител тие тврдења во понеделникот ги отфрли тврдејќи дека адвокатскиот тим на Трамп „го преувеличува предизвикот на прегледување“ на доказите претставени во случајот.

„Предложениот датум на судењето 2026 година би ѝ го ускратил на јавноста правото на брзо судење“, рече специјалниот обвинител Смит кој е функционер во администрацијата на демократскиот претседател Бајден.

Судијката Чуткин за датумот за почетокот на судењето ќе решава на рочиштето на 28-ми август.

Трамп, исто така, се соочува со судење во Њујорк во март 2024 година, поради наводно недозволено плаќање на порно ѕвезда за да молчи за нивна наводна врска што се толкува како обид да ги изигра правилата за финансирање пред кампањата за изборите во 2016 година.

Предвидено е и во мај на Трамп да му се суди во сојузната дражва Флорида поради обвиенние, коешто го изнесе, исто така, специјалниот обвинител Смит, за наводна злоупотреба на строго доверливи државни документи кои ги земал од Белата куќа кога заминувал од должноста.