Трамп ќе воведе царини и за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини за Европската унија, објави Ројтерс.

Тој исто така рече дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и верува дека можеби нешто значајно ќе произлезе од тој разговор.

Американскиот претседател рече дека Канада, Мексико и Кина не можат да направат ништо за да ги спречат царините и вети дека ќе воведат царини за производи како чипс, нафта и гас.

Трамп додаде дека царините за нафта и гас најверојатно ќе бидат воведени до 18 февруари.

Претходно во текот на денот, Белата куќа објави дека Трамп ќе воведе царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико и 10 отсто за кинески стоки во сабота со моментален ефект.