Во вторникот поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Мичиген ги нарекол илегалните мигранти во САД „животни и нелуѓе“, пренесуваат медиумите.
Републиканскиот претседателски кандидат навел неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупредил дека „Америка ќе биде зафатена од насилство и хаос“ доколку тој не биде избран за претседател наизборите на 5-ти ноември.
Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од сојузната држава Џорџија, за чиешто убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп рекол дека некои мигранти не се луѓе.
„Демократите велат ‘Не ги нарекувајте животни, и тие се луѓе’. А јас велам ‘Не, тие не се луѓе, тие се животни’, рекол Трамп.
Ги повторил тврдењата дека мигрантите, кои во рекордни бројки последните години илегално ја минуваат границата со Мексико, избегале од затвори и душевни болници и дека тие се одговорни за растот на криминалот во САД.
Трамп одржал говор насловен „Крвопролевање на границата на Бајден“ во градот Гранд Рапидс, чијашто полиција објави дека 25-годишната Руби Гарсија минатиот месец била убиена од 25-годишниот Брендон Ортиз-Вајт, кој илегално живее во Америка.
Триесет иосум отсто од републиканците и еден од пет независни гласачи веруваат дека имиграцијата е главниот проблем во земјата, според анкетата на Reuters/Ipsos sprovedena на крајот на февруари.
Трамп често тврди дека мигрантите се виновни за порастот на насилството во американските градови. Во вторникот, тој го повториl тврдењеto дека земјите во Латинска Америка намерно ги испраќаат своите криминалци во САД.