Трамп ги обвини Бајден и Харис за новиот обид за атентат врз него

Во понеделникот републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини актуелниот претседателот Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис, демократската претседателска кандидатка, за новиот обид за атентат врз него.

Осомничениот „го слушаше наративот на Бајден и Харис и постапи според него“, изјави поранешниот американски претседател за телевизската мрежа Fox New, повторувајќи ги обвинувањата што веќе ги изнеse по првиот обид за атентат на 13 јули, во кој полесно ранет но во педелот на увото, а загинаа две лица на неговиот политички собир во Пенсилванија.

Осомничениот напаѓајќи го Трамп во објавата на 22-ри април на платформата Х, изјави: „ДЕМОКРАТИЈАТА е на гласачкото ливче и не можеме да изгубиме“, објави The New York Post, потсетувајќи дека тоа се фрази кои во пресметките со Трамп ги користат актулниот претседател Џо Бајден и неговата потпрерседателка Камала Харис која го замени во претседателската трка за изборите во ноември.

„Поради тој наратив на комунистичката левица, летаат куршуми и тоа само ќе се влоши“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

„Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство. Секогаш ќе го осудувам“, му одговори демократскиот претседател Џо Бајден, повикувајќи недоразбирањата меѓу Американците да се решаваат „мирно на гласање, а не со оружје“.

Обидот за атентат го изврши Американецот регистриран онатор на демократите, 58-годишниот Рајан Весли Рут, кој ја поддржувал Украина каде и наводно престојувал и бил активен за испраќање платеници и доброволци во војната против Русија. .