Трамп ги поддржува протестите против карантинот, во светот над 150.000 починати

Бројот на смртните случаи како последица од новиот тип на короанвирусот во светот ја надмина бројката од 150 илјади, од кои четвртната се забележани во САД каде што веќе два дена се протистира против карантинот што доби поддршка од претседателот Доналд Трамп.

Владите во светот се справуваат со прашањето како да ги ублажат рестриктивните мерки, во прв ред за социјалното дистанцирање кое подразбира и запирање на производствени процеси и во современиот свет постојани заемни економски поврзани активности, воведени за спречување на пандемијата коишто ги ничкосаа националните економии.

Тврдат дека има докази дека социјалната дистанца се покажува успешна откако повеќе од половината од човештвото, односно 4,5 милијарди луѓе на планетата се во карантин и со денови се заточени во своите домови. Меѓутоа, заразата со коронавирусот и натаму во најпогодените земји, кои е меѓу најразвиените, е во нагорна линија.

Во најмалку три американски сојузни држави се одржаа протести оваа седмица на кои се бараше укинување на ограничувањето.

Порадни наметнатите рестрикции во поедини американски сојузни држава се случија протести. Во Ричмонд, главниот град на Вирџинија, неколку десетици луѓе се собраа пред седиштето на парламентот во четвртокот, поради одлуката на тамошниот гувернер за продолжување на рестриктивните мерки до 10-ти јуни.

„Запрете го лудилото! Ова е само вирус на настинка! Прекинете го затворањето за доброто на сите нас!“, пишуваше на еден од билбордите. лјадници демонстранти трубеа од своите возила во Лансинг, главниот град на Мичиген

Претседателот Трамп, по средбата со гувернерите, во најголема мера на гувернерите на сојузните држави им ги препушти одлуките за ублажување на мерките за карантинот, но ги претстави насоките за повторното покренување на економијата.

Со тоа ги предизвика на жестока реакција застапниците на неолибералната струја, коишто со години заговараат преустројување на глобалната економија и светскиот поредок, па гувернерите на трите сојузни држави кои доаѓаат од Демократската партија го критикуваа повикот на Трамп за се „ослободат“ Мичиген, Минесота и Вирџинија,

„Немам време да се вклучувам во војни на Twitter“ изјави гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортем, без да одговори кои мерки ги преземал како превентива во периодот кога коронавирусот избувна во Кина и во Европа, и како мерките, како и во државата Њујорк не придонесуваат за запирање на ширењето на епидемијата во САД.

Од сите речиси 2,5 милиони случаи на зараза во светот, речиси третина од нив се во САД, а најпогодена е сојузната држава Њујорк, којашто е водена од демократскиот гувернер Ендрју Куомо.

Исто така, во САД се регистрирани 37.000 смртн иисходи, повеќе од која и да е земја, а следат Италија, Шпанија и Франција. Многу земји ги тестираат само најсериозните случаи, така што се тврди дека вистинската бројка на заразени веријатно е многу поголем.

Но знаците дека заразата попушта во некои делови од Европа и ги натера властите во Швајцарија, Данска и Финаска да ги отворат продавниците и училиштата.

Германскиот министер за здравство во петокот порача дека вирусот е „под контрола по 3.400 смртни исходи во земјата, која сега започнува со деликатната задача за отстранување на некои забрани, а да не предизвикаат нова зараза“. На некои мали продавнции од понеделник ќе им биде дозволено да работата, а следните седмици ќе бидат отворени и училиштата.

И делови од Италија започнаа да излегуваат од карантинот, додека жителите на Венеција се шетаат низ стивнатите канали. Меѓутоа, Шпанија којашто во саботата го мина прагот од 20.000 починати, го продолжи строгиот карантин, а Јапонија, Велика Британија и Мексико ги продолжија мерките за ограничување на движењето.